Временска прогноза-сончево, попладне наоблачување

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, со појава на мала до умерена облачност. Попладне во западните делови се очекуваат дожд и грмежи .
Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 29 до 36 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 6.