Две ескплозии во либанскиот град Триполи

Триполи, 23.08.2013.

Две експлозии одекнале едноподруго во либанскиот град Триполи. Според наводите, притоа загинале најмалку 12 луѓе додека над 20 биле ранети. Една од експлозиите се случила пред сунитска џамија во градот. Деновиве имаше неколку напади врз шиитски цели во Либан каде што се интензивираат тензиите поради граѓанската војна во Сирија.