Обама: хемискиот напад во Сирија настан за сериозна загриженост

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека наводниот хемиски напад во Сирија е голем настан за сериозна загриженост. Тој додаде дека некогаш се преценува идејата оти Соединетите држави би можело да го решат, како што рече, сложениот секташки проблем во Сирија. Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун го предупреди режимот во Сирија дека ќе има тешки последици, доколку се докаже дека било употребено хемиско оружје во близина на Дамаск. Денеска Обединетите нации соопштија дека бројот на децата кои биле принудени да избегаат од Сирија досетигна еден милион што е половина од вкупниот број на бегалци од Сирија во изминативе две ипол години. Според овие организации на Обединетите нации, други два милиона деца се расселени во Сирија.