Нова кампања во САД: купуваме само американско

Американскиот трговски синџир „Волмарт“ се надева дека ќе го зголеми прометот и ќе и помогне на американската индустрија со воспоставување масовно движење со цел граѓаните да купуваат стока произведна во Соединетите држави. Оваа кампања, според некои оценки, пред се треба да послужи за враќање на угледот на оваа најголема малопродажна компанија во светот, нарушен поради игнорирањето на правата на вработените и малите плати. Некои укажуваат дека токму „Волмарт“ пред две децении го предводел селењето на американската индустрија во Кина. „Волмарт“ има 4 илјади продавници и остварува промет од 460 милијради долари.