Вашингтон засега не може да го потврди хемискиот напад во Сирија

САД за сега не се во можност со сигурност да кажат дали во Сирија во средата било употребено хемиско оружје. Портпаролот на Стејт департментот Џенифер Псаки изјави дека во овој САД момент не се во можност недвосмилено да потврдат дека е употребено хемиско оружје и додаде дека претседателот Барак Обама им наредил на разузнавачките служби што е можно побргу да соберат дополнителни информации. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја повика владата на Сирија, на тимот на ОН кој од минатата недела е во Дамаск, да му дозволи што побргу да ги истражи тврдењата на опозициските сили дека во нападот со хемиско оружје загинале меѓу 500 и 1300 луѓе.