Пожарот во Битолско се шири

Пожарот што го зафати ридот над Црнобуки и Лисолај како последица на ветерот, попладнево се прошири кон Лопатица. Зафаќа речиси шест рида поради што е неизвесно неговото локализирање. Дел од шумата и пасиштата се веќе уништени. Како што соопшти Општина Битола, противпожарните единици интервенираат на теренот со сите расположливи средства. Поради конфигурацијата и непристапноста на теренот, ангажирани се и два хеликоптера на АРМ. Покрај екипи на територијалната противпожарна единица од Битола, на терен се и работници од Кајмакчалан и доброволци од Доброволното противпожарно друштво „Пегаз“.