Српските контрамерки за Македонија во идната недела

Седница на српската влада

Одлуката за тоа дали Србија ќе воведе контрамерки за Македонија поради условувањето на увозот на српска пченица и брашно, веројатно ќе биде донесена во наредната недела. Ова денеска го соопшти српското министерство за трговија. „Србија во минатиот петок официјално побара одговор дали таа одлука е укината, но се уште немаме повратна информација“, изјави помошник министерот за трговија Бојана Тодоровиќ за српската новинска агенција Бета. Таа прецизира дека одлуката ќе биде донесена откако ќе заврши реконструкцијата на српската влада.