Продолжува комисиската расправа за медиумските закони

Пратениците денеска продолжуваат со амандманската расправа по Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни комуникации. На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во изминатите два дена се поминати 63 амандмани, од вкупно 94 поднесени за овој закон, од кои прифатени се 20. За Предлог-законот за медиуми и за аудиовизуелните медиумски услуги се поднесени околу 130 амандмани, повеќето од опозицијата. Денеска е последен ден од предвидените три, според Деловникот за работа на Собранието за комисиско изјаснување по амандманите.