Почнуваат 52. Струшки вечери на поезијата

Со засадување дрвце во Паркот на поезијата во чест на годинашниот лауреат, мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко, и со традиционалното читање на песната „Т’га за југ“ пред Домот на поезијата во Струга, денеска почнува 52. издание на Струшките вечери на поезијата. Награда на Пачеко ќе му биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“, а поетскиот портрет на лауреатот ќе се одржи ден претходно, во црквата „Света Софија“ во Охрид. Во рамки на фестивалот утре ќе биде објавен и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за годинава што се доделува за најдобра поетска книга од македонски автор меѓу два фестивала. На СВП ќе учествуваат околу 50 истакнати поети од Бугарија, Грција, Англија, Германија, Египет, Индија, Јапонија, Израел,Кина, Русија, Полска, Шпанија, Куба.