Кина-поранешен висок функционер пред суд

Бо Ксилаи

Во Кина започна судењето против поранешениот функционер Бо Ксилаи, кој е обвинет за мито, проневера и злоупотреба на власта. Ксилаи беше кандидат за место во Постојниот комитет на Комунистичката партија, што е највисокото владејачко тело во земјата. Но, неговата кариера беше уништена поради поврзаноста со убиството на британскиот бизнисмен Нил Хејвуд во ноември во 2011 година. Сопругата на Ксилаи подоцна беше осудена за убиството.