Јахјага: Србите од Косово да изезат на избори

Претседателката на Косово Атифете Јахјага изјави дека организацијата на локалните избори на 3 ноември на цела територија, вклучителчно и северниот дел, е во интерес на сите граѓани. Таа додаде дека е важно Србите од северниот дел на Косово да излезат на избори. „Нивното учество на изборите ќе им гарантира и ќе им пружи можност преку своите легални и легитимни претставници да ги реализираат своите права предвидени со косовскиот Устав и закони“ рече Јахјага, посочувајки дека е важно изборите да бидат слободни и демократски и да излезат што поголем број граѓани.