Новата грчка државна телевизија почна да емитува програма

Новата грчка државна телевизија повторно почна да емитува програма од друга зграда, со оглед на тоа дека зградата на претходната радио и телевизија е се уште под опсада од поранешните вработени во медиумот.
Владата на Атина во јуни донесе одлука за затворање на државната радио телевзија ЕРТ.
Според Владата ЕРТ била неефикасна и годишно трошела по 300 милиони евра. Затворањето на медиумот доведе до укинување на 2.700 работни места.
Потоа следуваше нацрт-закон, доставен од грчката Влада во Парламентот, за формирање нов медиум, кој ќе ја замени ЕРТ. Новата телевизија треба да биде независна од државата и нема да биде контролирана од власта и политичките партии.