Шојбле: На Грција и во 2014 година ќе и треба финансиска помош

Грција и во 2014 година ќе има потреба од помош од меѓународните партнери, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.Тој наведе дека веднаш ќе побара да има програма за помош за Грција, при тоа додавајќи оти најверојатно нема да има ново простување на грчкиот долг. Претходно, извор од Европската унија изјави дека Владата на Грција почнала тајни консултации со ЕУи Меѓународниот монетарен фонд за добивање на трета финансиска помош.