Гардијан морал да ги уништи документите од Сноуден

Британскиот весник „Гардијан“ тврди дека британските власти го принудуваат медиумот да ги уништи документите добиени од Едвард Сноуден, поранешниот американски разузнавач кој доби азил во Русија откако обелодени детали за американските програми за надзор. Уредникот на весникот Алан Русбриџер пишува дека сите информации добиени од Сноуден биле уништени во присуство на двајца британски агенти. Русбриџер пишува дека весникот се соочува со притисоци по објавувањето на информациите од поранешниот американски разузнавач.