Различни очекувања од комисијата за 24 декември

„ Очекувам резултат од дијалогот и се надевам дека СДСМ ќе ја препознае важноста, пред се за државата, од успешното завршување на овој дијалог, ќе ги надмине теснопартиските интереси и ќе успееме во наредните четири дена да дојдеме до решение“ изјави премиерот Никола Груевски пред денешниот состанок на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември. "Очекувам комисијата да констатира дека на 24 декември имало уставни прекршувања", изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев. Освен двајцата лидери, на средбата ќе присуствуваат и членовите на комисијата, на чело со Борче Давитковски.