Ердоган го обвини Израел за немирите во Египет

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го обвини Израел за организирање на воената интервенција во Египет со која беше отстранет од власт исламистичкиот претседател Мухамед Морси. Имаме докази, изјави Ердоган но не даде конкретни информации кон тврдењето. Премиерот рече дека израелскиот министер за правда на форум во Франција во 2011 година изјавил дека муслиманското братство нема да остане на власт дури и ако победи на избори. Морси беше првиот демократски избран претседател кој беше отстранет од власт минатиот месец по протестите против неговото владеење.