ОН бараат целосна соработка со експертите за хемиско оружје

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун повика на меѓународните експерти кои во Сирија испитуваат дали било употребено хемиско оружје да им биде овозможен целосен пристап до местата каде што се случиле инцидентите.
По неколкумесечни преговори, 20-член тим на ОН во неделата пристигна во Дамаск и вчера ја почна својата работа. Се очекува тие да истражат три локации, меѓу кои и едно село до северниот град Алепо.
Властите и бунтовниците се обвинуваат меѓусебно за користење на хемиско оружје.