Уапсен главниот лидер на Муслиманското братство

Мухамед Бади

Главниот лидер на Муслиманското братство, 70-годишниот Мухамед Бади рано изутринава бил уапсен од безбедносните сили во стан во Каиро, јавија државните медиуми во Египет. Во јули тој беше обвинет за поттикнување насилство заедно со други претставници на Братството. Нему и на неговите двајца помошници ќе им се суди на 25 август.
Во меѓувреме, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази длабока вознемиреност поради смртта на 36 поддржувачи на Муслиманското братство во затвор и го осуди убиството на 25 египетски полицајци од заседа, од страна на исламски милитанти.