Обвинителите бараат 60 години затвор за Менинг

Обвинителите бараат воениот суд да му изрече казна затвор од 60 години на американскиот војник Бредли Менинг, за оддавање тајни воени и дипломатски документи на сајтот Викиликс.
Обвинителот Џо Мороу ја даде оваа препорака вчера за време на завршната расправа во судот во Мериленд. Тој не кажа зошто обвинителите побарале казна од 60 години кога Менинг се соочува со 90 години затвор за неговите престапи.
Адвокатот на одбраната не препорача одредена казна, но сугерира дека казната не би требало да биде поголема од 25 години, затоа што класификацијата на некои од предадените документи истекува за 25 години.