САД не побарале приведување на Миранда

Глен Гринвалд и Дејвид Миранда

САД соопштија дека не побарале од британската влада да го приведе партнерот на новинарот кој прв објави информации за тајната програма за надзор. Дејвид Миранда во неделата беше задржан 9 часа од британските власти на лондонскиот аеродром Хитроу.
Миранда е партнерот на новинарот од британскиот весник Гардијан Глен Гринвалд, кој врз база на инфомации од Едвард Сноуден, пишуваше за американската глобална програма за шпионажа на комуникациите.