Иранска банка бара оштета од Британија

Најголемата приватна банка во Иран, Мелат бара 500 милиони фунти од британскиот трезор. Барањето следи по пресудата на судот во Британија дека санкциите против најголемата банка во Исламската република биле неосновани. Институцијата беше казнета за наводно подржување на нуклеарната програма на официјален Техеран. Адвокатот на банката изјави дека побарувањето е по основ на загуби кои Мелат ги има претрпено поради санкциите. Од британскиот трезор велат дека не добиле барање за оштета.