Хрватските земјоделци ги доставија барањата до владата

Претставниците на хрватските земјоделци, кои речиси две недели протестираат блокирајќи патишта, денеска ги предоадоа своите барања до Владата и премиерот Зоран Миловановиќ. Земјоделците му дадоа рок од 24 часа на премиерот да ги прими и се заканија дека ако нема средба ќе се обратат до институциите во Брисел за да ги заштитат своите права. Протестите се организираат во знак на незадоволство од намалувањето на субвенциите за 37 проценти и носките откупни цени на земјоделските производи.