Хосни Мубарак ќе биде ослободен од затвор

Медиумите во Египет јавуваат дека поранешниот претседател Хосни Мубарак ќе биде ослободен од затвор во текот на неделава. Судот во Каиро наредил ослободување на екс-лидерот кој беше осомничен во случај за корупција. Адвокатот на Мубарак изјави дека очекува неговиот клиент да биде пуштен на слобода за два дена. Екс-претседателот е осомничен во уште два случаи. Неговите синови остануваат во затвор под обвиненија за затајување на данок.