Заев денеска ќе се сретне со Груевски

Архивска фотографија: Средба на премиерот Никола Груевски со лидерот на СДСМ Зоран Заев

Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев денеска ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, јавуваат македонските медиуми. Според извештаите, двајцата ќе разговараат за политичката ситуација во Македонија како и за необјавениот извештај на комисијата за настаните од 24 декември минатата година. Претходно, Груевски испрати уште еден апел до опозиционерите за изнаоѓање решение за комисијата, чија блокирана работа може негативно да се одрази во претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.