Грчки функционер по информација во медиуми си поднесе оставка

Министерот за финансии Јанис Стурнарас

Министерот за финансии Јанис Стурнарас побара оставка од претседателот на грчката агенција за приватизација Стелиос Ставридис. Причини за оставката се информациите во медиумите, дека Ставридис летал со приватен авион на бизнисменот кој од државата купи 33 од акците на државната лотарија ОПАП. Весникот „Прото тема“ вчера објави дека Ставридис минатата недела летал со приватен авион кој е во сопственост на бродосопственикот Димитрис Мелисанидис. Тој е мнозински сопственик на грчко-чешки конзорциум, кој во мај се согласи да купи 33 отсто од акциите на државната лотарија на Грција. Ставридис е втор претседател на грчката агенција за приватизација кој заминува од функцијата во последните шест месеци.