Меркел нема да се повлече од функцијата

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не сака да одговара на хипотетички прашања „ако победи нејзнината партија на престојните избори дали ќе се повлече од функцијата пред да и истече третиот мандат“. Таа во интервју за германска телевизија изјави дека сака да остане на функцијата цел мандат.

Германските медиуми шпекулираат дека таа би можела да се повлече пред истекот на нејзиниот мандат со што би се отворила врата за нејзин наследник на функцијата од редовите на владејачката партија.

Десничарската партија која Меркел ја предводи според рејтингот и анкетите е попопуларна од левичарските во Германија, но плановите на коалицијата ги заматува партијата Слободни демократи која, според последните анкети, лошо минува во јавноста, јавуваат германските медиуми.
Парламентарните избори во Германија се закажани на 22 септември.