Иран е шести по ред најголем произведувач на ракети

Поранешниот ирански министер за одбрана Ахмад Вахиди изјави вчера дека Иран е шести најголем произведувач на ракети во светот. Новинската агенција Фарс цитирајќи ја неговата изјава наведува дека Иран е најголем произведувач на ракети на Блискиот Исток. Тој додава дека тоа ниво е достигнато благодарение на „домашната технологија“. Дел до светската експертска јавност смета дека иранските ракети „земја-земја“ може да достигнат и до Израел, како и до американските воени бази во тој регион.