Русија зафатена од поплави

Под вода се делови од Русија на границите кон Кина. Поплавени околу 5300 куќи во над 60 населени места, при што погодени од поплавите се 35 илјади луѓе. Евакуирани се 170 илјади луѓе од овој регион, но засега нема жртви. Метеоролозите очекуваат водостојот на реката Амур в понеделник да достигне 6,5 метри со што за 8 сантметри ќе биде повисок од поплавата на векот што го зафатила тој крај во 1898. Рускиот претседател Владимир Путин најави итна помош од над 2,5 милиони евра и испрати десетици илјади спасувачи во поплавениот регион. Властите ги проценуваат штетите на повеќе милиони евра. Метеоролозите не предвидуваат подобрување на временските прилики во наредните денови.