Протести во Мароко против насилството во Каиро

Околу 10 илјади демонстранти на улиците во Мароко излегоа на протест по повик на исламските организации за осуда на војната и крвопролевањето во Египет.
Новинската агенција Франс прес јавува дека демонстрантите барале да се протера од Мароко египетскиот амбасадор. Демонстрантите два часа во главниот град мирно протестирале. Тие го поддржуваат соборениот египтески претседател Мухамед Морси.