Потрага по исчезнатите во бродската несреќа на Филипините

Спасувачките екипи во Филипините денеска ја продолжија потрагата по речиси двесте исчезнати лица по вчерашната бродска несреќа. Лошото време им ја отежна потрагата. Локалните власти соопштија дека при бродската несреќа најмалку 30 луѓе загинаа а 170 се водат како исчезнати. Спасени се 630 луѓе. Сударот на бродот траектот се случил пред два дена во близина на градот Цебу на околу два километри од брегот.