Се урна мал авион во Италија, 4 жртви

Мал авион се урна во планинскиот венец Доломити во североисточна Италија, убивајќи најмалку четири лица од леталото, јавуваат локални медиуми. Авионот „Цесна-172“ полетал од Болцано во јужен Тирол. Авионот бил виден како понира и паѓа, додека летал над Мармолада, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи.