Ставрески: Се крои буџетот за 2014 година

Вицепремиерот Зоран Ставрески денеска изјави дека се крои буџетот за наредната година и Министерството за финансии ги почнало потребните разговори и подготовки со останатите ресори. На новинарско прашање за можноста за ребаланс на буџетот Ставрески одговори дека по истекот на месецот, ќе се види дали ќе има потреба од какви било корекции.
Според него, завршувањето на долготрајната рецесија во еврозоната е позитивен сигнал, но и Владата и стопанството треба да останат активни.