ЕУ ќе ги преоцени своите односи со Египет

Европската унија ќе ги преоцени своите односи со Египет во следните денови, соопштија светските новински агенции. Во заедничкото соопштение на претседателот на ЕУ, Херман ван Ромпуј, и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, ги повикуваат сите страни во Египет да покажат воздржаност и да ја спречат ескалацијата на насилството. Во соопштението е наведено дека ЕУ во следните денови итно ќе ги преразгледа своите односи со Египет и ќе приземе мерки за постигнување на овие цели. Над 750 луѓе загинаа за 4 дена во Каиро во судирите на безбедносните сили и подржувачите на соборениот претседател Мухамед Морси.