Иран со нова нуклеарна стратегија

Иран располага со околу 18.000 центрифуги за збогатување ураниум, од кои над 10.000 се активни. Ова денеска го соопшти досегашниот раководител на Организацијата за атомска енергија на Иран Ферејдун Абаси Давани при заминување од функцијата и при тоа потврдувајќи ги податоците објавени во мај од Меѓународната агенција за атомска енергија. Новиот ирански претседател Хасан Рохани при стапувањето на должност изрази подготвеност за „сериозни атомски разговори“ со меѓународната заедница. За наследник на Абази на местото шеф на атомската програма Рохани го назначи поранешниот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи, кој важи за умерен.
Западот го обвинува Иран дека под планот за цивилна атомска програма работи на создавање атомска бомба. За таа цел ураниумот треба да биде облагороден на 90 проценти. Техеран пак тврди дека облагородува ураниум на 5 до 20 проценти и дека тоа се прави само во цивилни цели, како добивање енергија и медицински истражувања.