Груевски: Македонија може да ја загуби препораката од ЕУ

Извештајот на Комисијата за утврдување на настаните од 24 декември 2012 беше речиси готов и пред објавување, но се искомплицира со враќањето од одмор на Бранко Црвенковски, кој испорача нови барања. Ова го изјави премиерот Никола Груевски кој смета дека Црвенковски е главниот виновник за блокадата која, како што вели, може негативно да се одрази на престојниот европски извешај за напредокот на Македонија. Тој додаде дека СДСМ е негов заложник иако имаат ново раководство. Груевски смета дека Македонија е соочена со можноста да ја загуби препораката од ЕУ оваа еден доколку комисијата не заврши со работа и не се објави извештајот. Премиерот посочи дека ако наскоро не се надмине проблемот, ВМРО-ДПМНЕ ќе примени нова стратегија, но не ја откри.