Туркменистанскиот претседател ќе промовира повеќепартиски совет

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов вози велосипед

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов денеска изјави дека ќе се симне од лидерската позиција во владеачката партија за да промовира мултипарламентарен систем. Бердимухамедов на партиската конференција изјави дека во повеќепартиски систем „претседателот на државата не треба да биде член на ниту една партија“. Тој беше лидер на Демократската партија од 2006-тата година откако почина неговиот претходник Сапармурат Нијазов. До неодамна партијата која произлезе од советската комунистичка партија беше единстевна партија во земјата две децении.