ВМРО-ДПМНЕ бара ребаланс на буџетот на општина Центар

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар ќе бара ребеланс на Буџетот на Општина Центар. Советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар Даниела Рангелова изјави дека целта на овој ребаланс е средствата во висина од 9 милиони и 835 илјади денари, кои државните институции веќе ги имаат уплатено на сметката на Општина Центар, да се искористат за обновување и подигнување нови јавни зелени површини на територијата на Општина Центар. Со овој предлог на граѓаните ќе им овозможиме околу своето место на живеење да имаат многу повеќе зеленило, а на градоначалникот Жерновски ќе му оневозможиме да креира континуирани конфликти и кавги заради сечењето на петте стари дрва, изјави Рангелова.
Таа посочи дека на сметката на општина Центар, чиј градоначалник сега се противи на изградбата, по основ комуналии за изградба на зградата за Советот за радиодифузија, на 10-ти и 11-ти јуни се легнати 9 милиони и 835 илјади денари.