Повторно пукање во Каиро

Интезивно пукање е забележано околу џамијата во Каиро каде што стотина демонстранти беа под опсада во текот на ноќта. Телевизиските преноси во живо покажуваат дека безбедносните сили отвориле оган кон џамијата Ал Фатех каде што беа засолнати демонстрантите кои се поддржувачи на соборениот претседател Муахемед Морси. Министерот за здравство соопшти дека во изминативе 48 часа загинале најмалку 170 луѓе. Во меѓувреме од Муслиманското братсво потврдија дека синот на нивниот лидер Мухамед Бадие е убиен за време на судирите во петокот.