Приведени вработени во Македонски пошти

Во полициска акција ноќеска се уапсени 8 вработени во Македонски пошти, јавува телевизијата Канал 5. Уапсените се осомничени за несовесно работење во службата. Изутринава приведените биле изведени пред истражен судија и на седуммина им е одреден притвор. Полицијата трага уште по двајца осомничени. Меѓу уапсените бил шефот на обезбедувањето на Пошта, двајца поштари, како и други луѓе чија задача била да се грижат за парите.