Бродска несреќа на Филипините, 24 луѓе загинаа

Илустрација

Најмалку 24 луѓе загинаа а над 217 се водат како исчезнати откако на Филипините траект се судри со теретен брод, јавуваат светските новински агенции. Судирот се случил доцна синоќа во близина на градот Цебу на околу два километри од брегот. На траектот имало околу 870 патници и членови на екипаж.Поморските несреќи се честа појава во овој регион поради непочитивање на безбедносните правила, слабата контрола и преполнестост на бродовите.