Одбележување на Денот на АРМ

По повод чествувањето на 18-ти август Денот на АРМ, денеска на Градските гробишта во Бутел, во Скопје, ќе се одржи церемонија за полагање венци и цвеќе со воени почести на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Делегацијата од ГШ на АРМ ќе биде предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, а се очекува цвеќе да положат и делегации на: кабинетите на Претседателот, Собранието на Република Македонија, Владата, Министерството за одбрана, Сојузот на борците од НОВ, семејствата на поранешните претседатели на Република Македонија, на Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија, и други. Централната свеченост по повод роденденот на АРМ, ќе се одржи пред зградата на МО и ГШ на АРМ, на која ќе се обратат претседателот на Република Македонија и врховен командант Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Талат Џафери.