Расте бројот на жртви во Египет - најмалку 50 мртви

Од централниот плоштад во Каиро

Најмалку 50 лица загинале во Каиро во судирите меѓу следбениците на отстранетиот претседател Мухамед Морси и безбедносните сили. Медиумите јавуваат дека најмалку 11 лица загинале само на централниот плоштад во главниот град на Египет. Се јавува и за жртви во судири во други градови низ земјата. Петмина загинале во Александрија, тројца се убиени во Исмаилија а осуммина во Дамиета.