Турција не го враќа амбасадорот во Египет

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема да го врати амбасадорот во Египет, кој пред неколку дена беше отповикан на консултации. Египет и Турција во вторникот соопштија дека ги повлекуваат амбасадорите заради консултации, еден ден пред судирите меѓу силите за безбедност и приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси. Владата во Анкара неколку пати остро ги критикуваше египетските воени власти поради соборувањето на Морси.