Жерновски: Обвинителството да се изјасни за ревизијата на Скопје 2014

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски го предаде првиот дел од извештајот од извршената ревизија за проектот Скопје 2014 во Јавното обвинителство. Во овој документ постојат сериозни индиции за незаконско работење, што претставува основа за постапување од обвинителтвото, рече градоначалникот додавајки дека во целото незаконско работење не треба да се гледа само вина од локалната власт. „Гледаме длабока инволвираност на централната власт, посебно министерството за култура“ изјави Жерновски.