Бан Ки Мун ги повика Израелците и Палестинците да избегнуваат провокации

Ерусалим, 16.08.2013

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, кој е во посета на Ерусалим, ги повика Израел и палестинците да ги избегнуваат сите постапки кои би можеле да ги нарушат обновените мировни преговори. Бан Ки Мун се состана со израелскиот претседател Шимон Перес, а вчера имаше средба и со палестинскиот лидер Махмуд Абас. Израелците и Палестинците ги започнаа директните преговори во измината среда во Ерусалим, а наредната средба е предвидена по една недела во Ерихо, на Западниот Брег.