Одбележување на денот на АРМ

Со свечено постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје и концерт на воениот оркестар на плоштадот „Македонија“ денеска се одбележува 18 Август – Денот на АРМ.
На свеченоста пред МО и ГШ на АРМ, ќе се обрати началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, а ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, заменик - министерот за одбрана Емил Димитриев и други вработени и гости.