Израел екстрадираше обвинет за Сребреница

Масовна гробница во Сребреница

Израел екстрадираше израелсаки државјанин со српско потекло во Босна по обвиненија за геноцид. Израелското министерство за правда соопшти дека Александар Цветковиќ е прв израелски државјанин кој е екстрадиран по обвиненија за геноцид. Босанските обвинители велат дека Цветковиќ бил член на група која учествувала во масакрот во Сребреница во 1995 година кога беа заклани 8,000 мажи и момчиња од муслиманска вероисповест. Станува збор за најмасовното убиство во Европа по Втората светска војна.