Расте бројот на Бугари и Романци вработени во Британија

Бројот на Бугарите и Романците кои се вработени во Велика Британија е зголемен за 26 отсто за три месеци, покажуваат најновите податоци на државното Биро за статистика. Во периодот меѓу април и јуни годинава се регистрирани 141.000 лица од овие две балкански земји, членки на Европската унија, во споредба со 112.000 колку што имало вработени во првите три месеци. Порастот на вработените имигранти од Бугарија и од Романија е најголем во споредба со луѓето од другите земји на Европската унија кои станаа членки на Унијата. На годишно ниво бројот на вработените од овие земји се зголемува за по 35,1 отсто, но засега не се знае која е причината за ваквиот забрзан раст.