Индискиот премиер на денот на независноста го предупреди Пакистан

-„Пакистан треба да не дозволи користење на неговата територија и територијата под негова контрола за анти – индиски активности ако сака подобрување на односите“.
Ова по повод денот на независноста на Индија го изјави премиерот Манмохан Синг.
Тензиите меѓу двете земји, регионални нуклеарни ривали, се зголемија по минатонеделниот инцидент во кој загинаа 5 индиски војници на линијата на разграничување во поделениот Кашмир.