Египет - Околу 280 загинати во судирите

Бројот на загинати во судирите на силите на безбедноста и приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси се искачи на околу 280 лица ,додека 2000 луѓе се повредени.Во судирите безбедносните сили со армиски возила интервенираат за растурање на камповите на подржувачите на остранетиот претседател Морси.Муслиманското братство, чиј лидер е Морси, објави дека бројот на загинати е поголем. Властите на Египет вчера воведоа едно месечна вонредна состојба .Мохамед Ел Барадеј добитникот на нобеловата награда си поднесе оставка од функцијата потпретседател.Насилствата беа осудени од земјите од регионот Турција и Иран како и од Сад и Европската Унија.